„Рома“ ги демантираат институциите

Споственикот на кафе барот Рома од Кавадарци на социјалните мрежи објави демант на информациите од државните институции и градоначалникот на Кавадарци, тврдејки дека објектот со договор бил издаден за промоција на крипто валута.
-Не се точни изјавите дека имало загрозување на безбедноста од причини што после приведувањето во 00:10 часот на Аца Лукас, Рома кафе продолжи со работа до 01:00 часот што значи дека Рома кафе ги исполнувала сите потребни безбедносни услови и излези од објектот и нема изречено казна. Исто така не е точно дека во објектот имало 700 гости, тоа се паушални изјави од луѓе кои не биле присутни. Во објектот имаше 400 гости што беше уредно пријавено и беа обезбедни сите услови за работа. Доколку немало услови за работа, надлежните институции пред започнување на настанот можеле да не известата дка не се исполнети условите во целост затоа што 7 дена претходно сите беа уредно известени, пишува во информацијата објавена на профилот на Рома кафе на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
