Ристовски на средби со граѓани во Тетово

Најголем дел од моите активности во изборите ги имам во Изборната единица 6, така со задоволство секогаш доаѓам во Тетово, рече на денешните средби со тетовци Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.
- Дојден сум да поразговараме околу досегашната имплементација на Програмата, проблемите со коишто се соочуваат граѓаните на општина Тетово коишто се од исклучително значење за нив во делот на секојдневното функционирање, а исто така и да поразговараме и во насока на следните приоритети коишто како партија, како влада ќе ги имаме во периодот што следува и секако на еден начин сето тоа да го заокружиме прво со една голема победа на 11 декември кога народот на Република Македонија ќе го даде вистинскиот одговор, во однос на деструкцијата која што две години на еден начин ја креираше опозицијата и го измачуваше народот во РМ, рече Ристовски.
На 11 декември, како што нагласи, со најголемата поддршка на народот ќе успееме да победиме, да оствариме историска победа, да обезбедиме 63 пратенички мандати заради утврдување и постигнување и понатамошно имплементирање на јасните програмски цели и приоритети на нашата партија. - На тој начин да обезбедиме стабилна влада која што ќе обезбеди на еден начин продолжување на сите реформи, но и отпочнување на многу нови коишто ќе значат развој на Република Македонија на секое ниво, додаде Ристовски.
Ново на Сител
-

Насилството врз жените и родовата еднаквост во фокусот на средбата Пешевска – Аким Али
-

Лафчиски на состанокот на Воениот комитет на НАТО во Брисел
-

Силекс и Шкендија во борба за Купот на Македонија на арената „Тодор Проески“
-

Сиљановска-Давкова: Македонија не бега од вето, но тоа да биде поврзано со Kопенхашките критериуми, а не со идентитетските прашања
-

ФФМ покрена дисциплинска постапка против Вардар за недоличната прослава на титулата
-

Два големи шумски пожари горат во јужна Калифорнија
-

Илон Маск ја загуби тужбата против „ОпенАИ“ и извршниот директор Сем Алтман
-

Македонец шверцувал 850 грама златна плочка во кондура на Богородица | ФОТО
