Реконструкција на кујната и канализациската мрежа во делчевската градинка

Во делчевската градинка „Весели Цветови“ во тек е целосна реконструкција на канализациската мрежа во делот на кујната до главниот одвод и реконструкција и модернизација на кујната. Градоначланикот на Општина Делчево Горан Трајковски денеска направи увид во работите при што истакна дека здравата и безбедна средина за децата е приоритет. Тој забележа дека со овие инфраструктурни зафати во градинката целосно ќе се реши проблемот со старата и дотраена канализација, ќе се надминат честите проблеми со нејзино затнување, а ќе се превенира потенцијалната опасност од загадување на просторот во кујната каде се подготвува храната.
Директорката на градинката „Весели Цветови“, Билјана Симовска, истакна дека согласно со проектот поставени се нови одводни цевки за нов приклучок на канализацијата, заштитни решетки, како и неповратни вентили за заштита од излевање, ќе се отпочне со целосна замена на подните и ѕидни плочки во кујната, а ќе се постави и соодветна столарија.
-За реализација на оваа инвестиција се обезбедени средства од сопствената сметка во вредност од 300.000 денари. Во овој период од 20 дена до кога се очекува да се заврши работата во кујната во координација со Министерството за труд и социјална политика, а во договор со родителите по одржана групна родителска средба градинката ќе работи, но ќе згрижува деца на кои им е најнеопходно да престојуваат во градинка, останатите со согласност на родителите ќе останат дома, истакна Симовска.
Таа додаде дека со ова уште еднаш Министерството за труд и социјална политика, потврдува дека посветено работи на подобрување и унапредување на условите во детската заштита и на враќање на достоинството на персоналот, кој се грижи за децата во градинките.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
