Реформите на Македонскиот катастар претставени на конференција на Светска Банка во САД

Директорот на Агенцијата за Катастар на недвижности Славче Трпески учествуваше на конференцијата на агенции за земјишна политика на Светската Банка одржана во Вашингтон, каде пред 1.700 учесници ги претстави реформите во македонскиот Катастар.
- Главна преокупација во следните три години ќе биде формирањето на адресниот регистар, масовната проценка на недвижностите и воведувањето на 3Д катастарот во Македонија. Околу еден милион објекти во Македонија со масовната проценка ќе бидат регистрирани и ќе биде проценета нивната вредност. Во однос на масовната проценка на недвижностите во рамките на конференцијата овде во Светската Банка остваривме добра соработка. Имавме можност да се состанеме со Ричард Гровер, експерт од универзитетот Оксфорд од Лондон кој важи за еден од најдобрите теоритичари за масовната проценка. Го искористивме неговото влијание и остваривме соработка со локалната самоуправа во Арлингтон во Вирџинија, каде можевме да видиме како колегите од американската администрација прават масовна проценка. Навистина бевме пријатно изненадени како колегите во рамки на една година прават ре-проценка на недвижностите во Америка", изјави Трпески за Македонската Телевизија.
За време на конференцијата, македонските претставници се сретнале со колеги од соодветните институции од Британија, Холандија и повеќе африкански држави.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
