Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката

На 27.02 2026 год. на Клиниката за гинекологија и акушерство во 38 гестациска недела од бременоста е породена 34 годишна високо ризична пациентка со 5 та бременост по ред. Породувањето е завршено со царски рез поради претходно извршени 3 царски реза по што во случајов бил извршен и четврт царски рез кај мајката. На мајката претходно и биле укажани и сите ризици од евентуално следна бременост.
Операцијата поминала со уреден оперативен тек.
По операцијата пациентката по протокол е префрлена на Оделението за постоперативна интензивна нега. За време на престојот на пациентката на оваа интензивна нега, пациентката во еден момент се пожалила на силна градна болка по што веднаш бил повикан анестезиолог. Веднаш била спроведена срцево белодробна и мозочна реанимацијаод страна на целиот анестезиолошки тим е започната реанимација на пациентката по што кај пациентката биле вратени сите витални параметри.
По извршената реанимација, пациентката била пренесена на Одделението за интензивна нега и реанимција на клиниката за гинекологија каде истата била поставена на механичка вентилација и инвазивен и неинвазивен кардијален респираторен мониторинг. За време на престојот на Одделението за интензивна нега и реанимција биле повикани кардиолог и невролог.
На пациентката исто така и било направено ЕКГ, ехо на срце, РТГ пулмо,на секои 2 часа биле испитувани потребните биохемиски комплет лабораториски испитувања, а редовно биле контролорани ацидбазен статус и факторите за коагулација на крвта во консултација со трансфузиолог. За третманот на пациентката биле применети сите современи лекови и иследувања. Биле ординирани сите потребни деривати со цел стабилизирање на состојбата, но за жал и покрај сите обиди кај пациентката од страна на мултидисциплираниот пристап кој бил заземен за третманот на пациентката, истата на 01.03.2026г. починала на интензивната нега. Телото е предадено на обдукција. По пристигнувањето на патохистолошкиот наод, клиниката ќе се произнесе за официјалната причина за смртта на оваа родилка. Случајот денес е разгледан од страна на Комисијата за контрола на квалитет и унапредување на здравствената услуга на ГАК.
Клиниката изразува сочувство до семејството и длабоко жалење поради загубата на еден млад живот.
Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство
Ново на Сител
-

САД повторно ги ставија на чекање мировните преговори меѓу Украина и Русија поради војната во Иран
-

Хегсет: Трамп ќе ги диктира условите за предавање на Иран
-

Филипче: Да се намали ДДВ-то за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната
-

Инфлација од 2,9 отсто во февруари
-

Осум пријавени настани со семејно насилство, приведени шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко
-

Вработена од ДЗС Кочани: За Пулс не сум добила никаква документација, подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување
-

Метеж на бензинските, граѓаните брзаат да ги наполнат резервоарите
-

Во Штип одбележани 83 години од депортацијата на Евреите
