Реакција ЈПДП - постапката беше јавна и транспарентна
Јавното претпријатие за државни патишта реагира, постапката за избор на надзор на Коридорите 8 и 10 била јавна и во присуство на медиуми. Според Јавното претпријатие, доставени биле три понуди од компании од Франција, Италија и Холандија кои се јавуваат како лидери на група понудувачи.
По отворањето на понудите, следуваше постапка за нивна евалуација, и по разгледувањето на документацијата и комплетноста на понудите во предвидениот рок се изврши изборот на најдобриот понуден квалитет и понудена цена и за Надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10-Д беше избрана „IRD ENGINEERING“. Изборот помина и на Управна контрола, а до Државната комисија за жалби по јавни набавки беа поднесени две жалби кои што Комисијата ги отфрли. Постапката и изборот беа согласно сите законски и подзаконски акти за јавни набавки и транспарентна од самиот почеток.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
