Рама: Во Црна Гора се чувствувам како во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама е во посета на Црна Гора, што според неговиот црногорски колега Душко Марковиќ претставува потврда за добрососедските односи меѓу двете земји.
Рама изјави дека во Црна Гора се чувствува како во Албанија.
На прес-конференцијата, што по средбата ја одржаа црногорскиот и албанскиот премиер, Марковиќ нагласи дека Албанија и Црна Гора ќе ја зголемат соработката во областа на енергетиката, транспорот и туризмот, а Владите на двете земји ќе одржат заедничка седница во октомври во албанскиот град Шкодра.
Рама, кој во меѓународните кругови е оценет како лидер на сите Албанци, независно од тоа каде живеат, беше замолен да даде коментар на фактот што косовскиот Парламент се уште го нема ратификувано договорот за демаркација на границата со Црна Гора, потпишан пред две години.
- Како трета земја можам да кажа, дека сум и благодарен на Црна Гора за придонесот за решавањето на ова прашање со надеж дека тоа ќе биде решено на соодветен начин, коментираше албанскит премиер.
Рама изрази задоволство за тоа што Црна Гора ќе биде 29-та членка на НАТО.
Марковиќ истакна дека албанската заедница во Црна Гора е верна на државата во која живее, како и на нејзините интереси.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
