-->
-->
Ракомет (ж): Контролката за Вардар
-->

Женската ракометна репрезентација на Македонија под водството на новиот селектор Симе Симовски одигра контролен меч со македонскиот првак Вардар на кој загуби со 29-20.
Репрезентативките имаа солиден почеток против Вардар кој настапи без Андреа Лекиќ, Андреа Пенезиќ и Сираба Дембеле оно како одминуваше времето црвено-црните ракометарки се одлепуваа резултатски.
Маја Сокач беше најефикасна на натрпеварот со осум гола, пет постигна Сања Дамњановиќ, а четири Барбара Лазовиќ. Во македонската репрезентација по три гола имаа Теодора Керамичиева и Андреа Белеска.
Репрезентацијата ќе се комплетира в недела со доаѓањето на Зорица Десподовска и Ивана Гакидова, а веќе в среда е првиот меч од квалификациите за ЕП, во Бар, против Црна Гора. Три дена подоцна во Скопје гостува Хрватска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
