-->
-->
Радев: Нападот врз Пендиков е резултат на систематските кршења на правата на Бугарите во Северна Македонија
-->
Претседателот на Бугарија Румен Радев по повод физичкиот напад врз Христијан Пендиков во Охрид, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, објави дека „категорично ги осудува систематските кршења на правата на Бугарите во Република Северна Македонија и всадувањето омраза кон нив“, од што, како што вели, „резултат беше нападот врз Бугаринот Христијан Пендиков во Охрид“.-Декларираните амбиции за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија и преземените заложби за реформи и зајакнување на демократските норми во земјата се разидуваат со реалноста во која живеат Бугарите кај нашиот југозападен сосед, напиша Радев на Фејсбук.
Соопшти дека Бугарија е подготвена да организира воздушна евакуација на Пендиков и да обезбеди негово лекување и дека уште еднаш ќе го сврти вниманието на шефовите на држави и влади во Европската Унија, како и на европските институции и на Советот на Европа, кон прашањето за почитување на правата на Бугарите во Република Северна Македонија.
– Систематското кршење на нивните права беше основа на ставот на Бугарија дека европската интеграција на Република Северна Македонија треба да се заснова на вистински напредок во искоренувањето на јазикот на омраза кон Бугарија и Бугарите и почитување на правата на македонските Бугари, додава Радев во објавата на Фејсбук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
-

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“
-

Галузин: Балтичките држави си играат со оган поради акциите против Русија
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
