Радев му ја честиташе победата на Пендаровски
Бугарскиот претседател Румен Радев испрати честитка до Стево Пендаровски, по повод неговата победа на претседателските избори во Република Северна Македонија, јави БГНЕС.
Радев му посака успех и храброст на новоизбраниот претседател во период, како што наведе, во кој на Северна Македонија и претстои да исполни важни задачи на патот за членство во Европската Унија и НАТО.
Радев нагласи дека Бугарија останува конзистентен поддржувач на европерспективите на Северна Македонија.
– Договорот за пријателство и добрососедство и соработката меѓу нашите две земји го отвара патот кон постигнувањето на тој наш заеднички приоритет, стои во писмото на бугарскиот претседател.
Радев истакна дека Бугарија очекува лидерство на новиот претседател на Северна Македонија, не само во однос на реализација на заложбите во клаузулите на Договорот, туку и за вградување на неговиот дух во основата на идните односи меѓу двете земји.
– Потенцирајќи ја историската блискост меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија изразувам надеж дека ќе продолжиме да ја развиваме преку полезни контакти меѓу нашите претседателски кабинети. Се надевам дека наскоро ќе оствариме средба, се наведува во писмото на Радев до Пендаровски.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје

