Работниците од „Еурокомпозит“ повторно на протест

Дел од работниците-прогласени технолошки вишок од „Еурокомпозит“ денеска повторно беа на протест пред зградата на локалната самоуправа повторувајќи го барањето за конечно решавање на проблемот со оваа наменска фирма.
Пеце Велјаноски од Иницијативниот одбор на прогласените технолошки вишок од „Еурокомпозит“ упати апели и до Владата и до прилескиот градоначалник Илија Јованоски за средби со надлежните за решавање на долгогодишниот проблем со оваа наменска компанија.
-Од пред општинската зграда во Прилеп сакаме да упатиме уште еден апел до Владата, посебно до премиерот, потсетувајќи на неговото ветување од пред 4 месеци од Парламентот дека ако не се најде купувач за „Еурокомпозит“, дека Владата со закон ќе одобри 3 милиона евра за конечно да се реши долгогодишниот проблем на оваа државна фирма и последен загубар. Ова ни го вети премиерот и при нашите средби. Упатуваме и барање до прилепскиот градоначалник Илија Јованоски да закаже средба со релевантните фактори, мислиме на премиерот, вицепремиерот, со прилепските пратеници од позицијата и од опозицијата, од гранскиот синдикат и да се изнајде решение за фирмата бидејќи е и проблем на градот, рече Велјаноски.
Цветан Бунтески од Иницијативниот одбор упатува апел и до колегите кои заминаа технолошки вишок кои не доаѓаат на заедничкиот протест, туку од 150-ина, се само 50-ина работници.
-Од понеделник планираме со шатори да бидеме пред Владата до конечното решавање на проблемот, вели Бунтески.
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
