Работа од соништата - Фабрика за чоколада бара дегустатори

Фабрика за чоколада од Шкотска распиша оглас за дегустатори, за кое работно место не се барат посебни квалификации и искуство, туку е важно само кандидатите „многу да сакаат благо“.
- Може да се пријави секој, без разлика на возраста и претходното работно искуство. Се што бараме е да сакате чоколада, изјави Керин Хејхоу, потпарол на фабриката за чоколада „Макис“.
Фабриката во април следната година ќе отвори нови погони за производство, па потребни и се дегустатори на чоколади. Сите заинтересирани за оваа работа најдоцна до 3 декември треба да испратат своја молба и предлог за тоа што би требало да содржи нивната идеална чоколада.
Потоа фабриката ќе избере четворица финалисти кои ги очекуваат дополнителни тестирања. Тие ќе бидат поканети во фабриката за да се испитат нивните способности за дегустација на чоколада.
- Ние сакаме да дознаеме што им се допаѓа, што е тоа што го сакаат и што им се допаѓа во чоколадата што ќе ги дегустираат, рече Хејхоу.
Рецептите за „идеалната чоколада“ ќе бидат објавени на Фејсбук страницата на „Мекис“, а луѓето ќе можат да гласаат за нив.
Работното место дегустатор е на определено време од една година, а среќникот, кој ќе биде вработен, ќе добие залихи од слатки кои ќе може да ги носи дома од работа.
Ново на Сител
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
-

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи
