Путин: Русија победува во „праведната битка“ во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили победуваат во „праведната битка“ во Украина.
-Ние направивме она што требаше да се направи и се гордееме со тоа. Ги поддржавме нашите браќа и сестри во нивната цврста и одговорна одлука. Денес, бранејќи го тој избор, нашите борци и команданти тргнуваат во напад. Целата земја, цела Русија води праведна битка и работи напорно, рече Путин во видеообраќање објавено на веб-страницата на Кремљ.
Тој нагласи дека Русија се бори за одбрана на националните интереси, историјата, јазикот, културата и верата. – Се бориме и победуваме. Заедно ја браниме љубовта кон татковината и единството на нашата историска судбина, додаде рускиот лидер.
Русија започна целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, нарекувајќи ја „специјална воена операција“ за демилитаризација и „денацификација“ на соседната држава. Киев и западните сојузници тоа го оценуваат како неоправдана империјалистичка агресија за окупација на украинска територија.
Војната продолжува и покрај дипломатските напори на американскиот претседател Доналд Трамп, кој организираше средби на високо ниво со Путин, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европски лидери.
Според мапи на бојното поле, Русија во моментов контролира околу 114.500 квадратни километри или 19 отсто од Украина, вклучувајќи го Крим и големи делови од источниот и југоисточниот регион.
Рускиот ресор за одбрана денеска соопшти дека неговите сили презеле контрола врз уште две населени места на фронтот во Доњецка област – Шандрихолове и Заричне. Украинските власти не го коментираа тоа, но Зеленски порача дека украинската контраофанзива кај Добропиља бележи напредок.
МИА
Ново на Сител
-

Андоновски: До крајот на годината околу 30 нови електронски услуги, плус 30 преку ЕУ
-

МНРиНТ: Бугарското МНР сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политичари, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог
-

Прекинато водоснабдување во населбата 11-ти Октомври во општина Кисела Вода
-

Анкета: Рејтинот на Трамп падна на историско ниско ниво по настаните во Минеаполис
-

Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана
-

УЈП: Преземаме активности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски
-

Се утврдува актуелната состојба и реалните можности за Скопското кале да се отвори и стави во активна културна функција
-

Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот
