Путин: Не сум против состанок со Порошенко, но со него е тешко да се комуницира

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не е против состанок со украинскиот претседател Петро Порошенко, но дека со него е тешко да се комуницира.
– Што се однесува до контактите на највисоко ниво, не сум против нив. Вистина е дека немаше разговор, но тоа не значи дека го прекинуваме секој контакт. Меѓутоа тешко е да се комуницира, бидејќи е нејасно за што треба да зборуваме, истакна Путин, на прес-конференцијата на Самитот на Г-20.
Посочи дека договорите меѓу Рисија и Украина не се испочитувани, нагласувајќи дека Русија ќе ги одржува односите со Украина во секој случај.
– Ги одржуваме работните контакти, секако. Се надевам дека тоа така и ќе остане, истакна тој.
Наведе дека Киев ја користи војната во југоисточниот дел на Украина за да ги прикрие сопствените пропусти во внатрешната политика.
Се осврна и на воената состојба што Киев, по инцидентот, ја прогласи во 10 украински региони.
– Прогласија воена состојба во 10 региони, во они каде претседателот нема голема поддршка. Тоа значи дека украинската Влада ја поделила земјата на два дела – дел на кој може да му се верува и дел на кој не може да му се верува, објасни рускиот претседател.
Забележувајќи дека Украина не прогласила воена состојба порано, кога случувањата во таа земја беа многу пострашни, Путин заклучи дека одлуката на Порошенко е поврзана со претстојните избори во земјата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драги Змијанац, претседател на „Меѓаши“
-

Историски успех на младиот Македон на Германската математичка олимпијада
-

32 возачи лишени од слобода за празничниот викенд
-

Македонското население старее, државата крои стратегија за зголемување на наталитетот
-

3 Мај – Без слободни медиуми нема демократија
-

Зголемен број на прегледи во дежурниот педијатриски пункт во Поликлиниката „Бит пазар”
-

Од конфликтот на Блискиот Исток до македонските пумпи: Колку поскапеа горивата?
-

Заштеди и до 50% при транспортот очекува прилепското стопанство ако се воведе железничкиот карго сообраќај
