Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември

МЖ Транспорт потпиша договор со ЕВОР за најмалку пет нови товарни локомотиви, а работиме и со Светска банка за набавка на нови возови. На ова го додаваме и проектот за Градски воз, првата линија ќе започне да функционира на 1 септември и набавката на нови електрични автобуси, изјави вицепремиерот Николоски.
Во поткасот за Курис, како што информира Министерството за транспорт, Николоски нагласи дека ова е „еден од најзначајните проекти кои го работиме иако не е голем по обем“.
-Прво, многу ќе помогне во намалување на загадувањето во Скопје, второ, ќе го смени системот на живот во приградските населби и, трето, ќе воведе една култура на помалку користење возила и повеќе користење воз. И најважното - ова се проекти кои ги имаат најголемите европски градови. Ние паметно ја користиме постојната инфраструктура што ја имаме, само ја надградуваме. Веќе сме во напредна фаза на линијата која оди од Зелениково - Драчево - Лисиче - Кисела Вода - Аеродром до нова железничка Скопје. Би требало до крај на јуни да биде завршена за од 1 септември да функционира оваа линија, соопшти Николоски.
Паралелно со ова, додава вицепремиерот, се работи на проектирање со Градежниот факултет и во втората половина од оваа година да се објави тендер и за останатите две линии - од Нова железничка станица преку Бутел - Скопје Север до Ѓорче Петров и втората од Нова железничка преку Автокоманда - Маџари и завршува во Илинден.
-Очекувам тие да бидат завршени на крајот на 2027, почетокот на 2028 година. Ако на ова додадеме дека оваа есен Скопје ќе добие 100 електрични автобуси, тоа ќе значи многу во намалување на загадувањето во градот, изјави Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
-

Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски, неговите адвокати бараат ослободителна пресуда
-

Со статистика и без одговори одбележан Светскиот ден за безбедност при работа
