Проверете на кое место во светот е Македонија според загрозеноста од природни катастрофи

Република Македонија е 95 земја во Светот според загрозеноста од природни катастрофи, покажува ранкинг листата за Индексот за Опасност (Ворлд Риск Индекс) што во форма на извештај, секоја година го објавува Универзитетот за Природна средина и човекова безбедност на Обединетите Нации.
Според тој извештај, изготвен за минатата година, Македонија се наоѓа некаде во средината на листата од 171 земја колку што се опфатени со истражувањето. Целта на овој извештај е да се процени колку некоја земја е подложна на катастрофа предизвикана од природна непогода. Клучни аспекти што се опфатени при изготвувањето на студијата се веројатноста од случување на екстремна природна појава (како на пример поплава, хурикан, земјотрес), потоа можноста да се појави несигурност во снабдувањето со основните животни намирници поради појавата на таа природна катстрофа, како и превентивните мерки што веќе се превземени за ефикасно справување со евентуалната непогода.
Според објавеното истражување, на оваа листа која најгоре односно како први ги посочува земјите кои се најризични да бидат погодени од природна катастрофа, Македонија е трета најбезбедна земја од регионот зад Хрватска и Бугарија. За разлика од 95 место што го има нашата земја со индекс на ризик од 6,14 %, Хрватска е 121 со индекс 4,21 %, додека Бугарија е пласирана на 119 место со индекс 4,26%. Затоа, пак, поризични од Македонија се Босна и Херцеговина, која е 93-та со индекс 6,18%, па Романија, која е на 87 место со индекс на ризик од 6,50%, па 77-та Србија со индекс 6;89 и на крајот, држава соочена со најголен ризик е Албанија, која е на 37 место со индекс на ризик од 10,03%.
Што се однесува до најбезбедните земји во Светот во однос на тоа да бидат погодени од природна катастрофа, на првото место се наоѓа Катар со индекс на ризик од само 0,08%, по што следат Малта 0,62% и Саусиска Арабија со индекс на ризик од 1,1 %. Првата десетка на држави што се најбезбедни од природни катастрофи ја заокружуваат Барбадос, Гренада, Исланд, Кирибати, Бахреин, Обединетите арапски Емирати и Шведска.
Ново на Сител
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
-

НБА: Лејкерс закажа полуфиналната пресметка со Оклахома
-

Стармер: Повторното отворање на Ормуската Теснина нема да значи враќање во нормала
