Протести во САД во неколку градови, во голема мерка мирни
Околу илјада луѓе синоќа и рано изутринава се собраа на плоштадот „Црните живот се важни“ во Вашингтон да протестираат против претседателот Доналд Трамп, додека уште стотици маршираа по улиците во централен Вашингтон, понекогаш блокирајќи го и сообраќајот и пуштајќи петарди.
Слични протести кои започна во часовите веднаш по затварањето на гласачките места имаше и во неколку други градови низ САД, од Њујорк до Сиетл, сепак без видливо ненасилство или големи немири.
Во Вашингтон, демонстрациите беа мирни а луѓето извикуваа повици како „Чии се овие улици? Наши улици“! или, „Ако нема правда, тие нема да добијат мир“!
Демонстрантите носеа и големи транспаренти како оној со натпис „Трамп лаже постојано“. Медиумите пренесуваат дека некои од демонстрантите во еден случај ги дупнале гумите на паркирано полициско комбе.
Стотици луѓе маршираа синоќа во анти-Трамп протест во Портланд, Орегон и Сиетл, уапсени биле неколкумина лица.
Ново на Сител
-

Водата за пиење во Скопје безбедна и квалитетна
-

Ноќните температури во Атина синоќа достигнаа и до 33 степени
-

СПМ: Македонија не е предмет на бугарски историски диктат
-

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн
-

Европската комисија одобри 6,1 милијарда евра помош за одбраната на Украина
-

Сирија и Израел одржале разговори со посредство на САД за намалување на тензиите
-

Почнува судењето против Груби и седум други лица за злоупотреби во „Државна лотарија“
-

Активни четири пожари и четири под контрола
