Пронајден Навални- се наоѓа во затвор на северот од Урал

Портпаролката на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој отслужува 30-годишна затворска казна, денеска соопшти дека е откриено каде се наоѓа. „Го најдовме Навални.
Тој е во Казнената колонија 3 (ИК-3), во населбата Карп, на северот на Урал, во автономниот регион Јамал-Ненец. Неговиот адвокат денеска го посети.
Алексеј е добро“, објави портпаролката Кира Јармуш на платформата X (Твитер). Адвокатот Иван Жданов рече дека ИК-3 е „една од најсеверните и најоддалечените“ затворски колонии во Русија.
„Условите таму се сурови, со посебен режим.
Многу е тешко да се дојде до него и нема системи за доставување писма или јавување“, напиша Жданов на Икс, истакнувајќи дека еден од адвокатите денеска бил таму и го видел Навални, но не му било дозволено да влезе.
Жданов смета дека казнената колонија ИК-3 е однапред подготвена за доаѓањето на Навални и потсети дека таму во април бил директорот на Сојузната казнено-поправна служба Аркадиј Гостев и можно е, како што наведе, тогаш да одлучиле таму да го префрлат рускиот опозиционер.
„Ситуацијата на Алексеј е јасен пример за тоа како системот се однесува кон политичките затвореници, обидувајќи се да ги изолира и потисне.
Благодарение на оние кои продолжуваат да пишуваат и шират информации за Алексеј и другите политички затвореници, ја продолжуваме борбата“, рече Жданов.
Тој ја поврза изолацијата на Навални со претседателските избори во Русија во 2024 година, на кои се очекува Путин да го освои петтиот мандат.
Пред две недели, соработниците на Навални објавија дека се загрижени, бидејќи долго време не го виделе или слушнале, а во затворот во Владимирската област, каде што Алексеј ја отслужувал казната, тој повеќе не се наоѓал на списокот на затвореници.
Ново на Сител
-

Колкави плати земаат функционерите?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
