Четири години војна
Четири години по почетокот на војната во Украина, најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна, претседтаелот Зеленски со порака - Путин не ги постигна своите воени цели и не го скрши укрианскиот народ.
-Путин не ги постигна своите цели. Тој не ги скрши Украинците. Тој не ја доби оваа војна. Ние ја зачувавме Украина и ќе направиме сè за да обезбедиме мир и правда. Денес се навршуваат точно четири години откако Путин го започна својот тридневен напад за освојување на Киев. И тоа, всушност, многу кажува за нашиот отпор, за тоа како Украина се бореше цело време. Зад тие зборови стојат милиони наши луѓе. Зад тие зборови стојат огромна храброст, неверојатно напорна работа, издржливост и долгиот пат што Украина го следи од 24 февруари, изјави Володимир Зеленски, претседател на Уркаина.
Украина им оддава почит на жртвите - војниците убиени во борба и цивилите кои загинаа во руските воени дејствија.
-Слава на хероите. Смрт на непријателите. Украина над сè!
-Мислев дека војната ќе заврши на есен 2022 година, по нашата контраофанзива. Но, потоа стана јасно дека ќе биде долго време, бидејќи се бориме против многу голема земја.
-Не мислам дека некој Украинец мислеше дека војната ќе трае толку долго. Но, Русија се подготвуваше за тоа многу долго време: тие произведуваа ракети и авиони.
Во Киев пристигнаа највисоките претставници на ЕУ и лидери на европски земји со порака дека подршката за Украина останува. Меѓу нив беше и вицепремиет Беким Сали.
Ниту Русија, ниту Украина не даваат прецизни информации за бројот на загинатите и повредените во своите редови досега. Според проценките на американскиот тинк тенк Центар за стратешки и мегуародни студии, од почетокот на војната до декември 2025 година загинале 325.000 руски војници а кај украинските сили загубите се движат мегу 100 000 до 140 000 убиени.
Мониторинг мисијата на ОН пак изестува за цивилните смртни случаи досега во Украина. Ја потврдиле смртта на 15 000 цивили.
Економското уништување е подеднако драматично. Цели населени места на истокот и југот на земјата се сраменти со земја.
Светска банка вчера процени дека доколку војната запре за реконструкција на Украина ќе бидат потребни 588 милијарди долари во следната деценија.
Четири години по војната, Русија контролира околу една петтина од меѓународно признатата територија на Украина. Борбите на фронтот продолжуваат, дипломатското решение заостанува. Главната пречка теритријата што ја бара Русија, а Киев одбива за тоа да се дикскутира. Нова рунда разговори меѓу Русија, Украина и САД се очекува до крајот на месецот.
-Ние сакаме мир. Силен, достоинствен, траен. И пред секоја рунда преговори, му давам на нашиот тим многу јасни директиви, рече Зеленски
-Многу цели се веќе постигнати, но главната - да се обезбеди безбедност за луѓето кои живееле и продолжуваат да живеат во источна и јужна Украина и кои биле во фатална опасност - не е постигната. Значи, да, сè уште не се постигнати сите цели, поради што „специјалната воена операција“ продолжува. Во исто време, Русија останува отворена за постигнување на своите цели преку политички и дипломатски средства, а работата во оваа насока е во тек. Во секој случај, интересите на Русија ќе бидат обезбедени, изјави Песков.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
