Промовирани флаери за пет планинарски патеки на Осоговските Планини
Планинарско-спорскиот клуб „Руен“ од Крива Паланкa промовираше брошури за пет атрактивни планинарски патеки во реонот на Осоговските Планини, кои се потенцијални тракинг-рути за развој и промоција на планинскиот туризам во регионот.
Промотивните флаери се изготвени како финален продукт од активностите на проектот ,,Планинарски патеки’’ кој ПСК ,,Руен’’ го имплементираше изминатите месеци.
-Овие флаери ги изготвија нашите членови, вклучени се патеките од Крива Паланка до Царев Врв, 2085 метри надморска височина, до Руен-преку Тораница, 2252 метри, Расовец – со највисок врв 1100 метри, Рударската патека насловена „По корка леб во својата земја“, која е долга 25 километри од Мождивњак до рудници Добрево и Станечки водопади – почнувајќи од мостот на Дурачка Река-до локалитетот Калин Камен, патека долга 11 километри. Патеките се подготвени со мапи, сите се маркирани, има фотографии и толкување за нив и сите се подготвени за привлекување љубители на планината и природата, информира Катица Борисовска од ПСК „Руен “, Крива Паланка.
Покрај промотивните брошури за петте патеки, членовите на планинарско-спортскиот клуб реализираа теренски активности за фотографирање на објектите и патеките, исцртување на географски карти за секоја од патеките и нивен опис.
-Целта на проектот е развој на планинарството, планинарските спортови и планинарскиот туризам во подрачјето на Осоговските Планини, додаде Борисовска.
Проектот „Планинарски патеки’’ финасиски е поддржан и се реализира со средства од буџетот на општина Крива Паланка од Програмата за поддршка на здруженија на граѓани и фондации за 2018 година.
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет

