Промовирана збирката на детски игри „Играв јас, сега играј ти“

Збирката на традиционални и современи детски игри „Играв јас, сега играј ти“ на универзитетскиот професор Снежана Мирасчиева и педагогот во Детската градинка „Астибо“-Штип Елизабета Симоновска денеска беше промовирана на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
Мирасчиева истакна дека во оваа збирка се споени теоријата и праксата и додаде оти делото е резултат од долгогодишната соработка на Факултетот за образовни науки со градинката „Астибо“.
- Збриката содржи игри, кои првенствено имаат воспитна функција, поттикнуваат соработка, пријателство, меѓусебно почитување, самопочит и сите воспитни параметри. Но, содржат и опис на самата игра. Се разбира не се исцрпени сите традиционални игри, овде се застапени и современи игри и затоа овој прирачник не е наменет исклучиво за воспитувачите, туку е наменет за сите оние кои што ги почитуваат децата, рече Мирасчиева.
Симоновска нагласи дека децата денеска се развиваат пред компјутерите и токму поради тоа што им недостасуваат физички активности и дружба, како што рече, ја направивме оваа збирка од традиционални и современи детски игри.
- Треба заедно сите да водиме сметка, родителите и ние вработените во детските градинки, практикувајќи подвижни игри, кои на децата ќе им овозможат правилен раст и развој. Сведоци сме дека се почесто слушаме за проблеми во развојот на децата, околу искривување на ’рбетот. Од нашите истржувања кои сме ги правеле во нашата градинка, имаме голем проблем со развојот на говорот, во смисла на неправилен говор, сиромашен вокабулар, што е резултат на користење на новите технологии, рече Симоновска.
Во збирката на традиционални и современи детски игри „Играв јас, сега играј ти“ се опишани сите детски игри, како криенка, џамлии, ластик, клин плочка и други.
Промоторот на збирката, универзитетскиот професор Снежана Јованова-Митковска истакна дека оваа книга има голема едукативна вредност. Според неа, посебно е значјано што не е наменета само за денешниве генерации, туку и за идните.
- Книгата ни овозможува да ја зачуваме онаа традиционална игра, да ја играме и да се исклучиме од оној свет, кој што значи седење пред компјутер, за да можеме да се препуштиме на она детското во нас, рече Јованова-Митковска.
Ксенија Трајчева, одговорен уредник на „Просветно дело“, редакција „Детска радост“ на денешната промоција истакна дека како издавачка куќа секогаш имаат слух за издавање вакви збирики кои, како што рече, ќе се користат во пракса од страна на децата, родителите и воспитувачите во детските градинки.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ e едно од повеќето функционални решенија зa градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар
-

ОН документира сексуално насилство и тортура извршени од руските сили во Украина
-

ЦУК: Нема активни пожари, еден под контрола
-

Македонската кикбокс репрезентација опатува на Светското јуниорско првенство во Лидо, Италија
-

Почина Томче Филиповски, поранешен легендарен фудбалер на скопски Работнички
-

Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се жртвуваат за земјата
-

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци
-

Кривичен за „Ласкарци“: Боваровски се ослободува од издржување на казната затвор до донесување на нова одлука
