Променливо облачно и натпросечно топло, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и се уште натпросечно топло. Претпладне со повеќе сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој кон крајот на денот вдолж Повардарието ќе се промени во северен.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува седум.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 18 степени, а дневната од 22 до 31 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди. Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. УВ=7
Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 29 степенни.
Значително заладување ќе има во четврток, кога ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува засилен северен ветер, па дневната температура ќе биде и за десет степени пониска во однос на денешната. Од петок до недела времето ќе биде стабилно со умерен северен ветер и со пријатни дневни температури.
Ново на Сител
-

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
-

Американски милијардер донирал 99.999 долари за човекот кој спаси Евреи при нападот на плажата во Сиднеј
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција, се што стигнува во Трезорот како налози, се исплаќа навремено
-

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов
-

Ѓорѓиевски се сретна со израелската амбасадорка Вивиан Аисен
-

Македонските кикбоксери со 110 медали на „Балкан Бест Фајтер“ на врвот како најуспешни
-

Сончево до крајот на седмицата, утринска магла по котлините
-

Кривична за тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
