Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда
Одлуката за разрешување на државниот јавен обвинител е резултат на незадоволство од неговата работа.. Премиерот Христијан Мицкоски, вели дека Коцевски имал период од година и пол да се докаже во својата работа, па како влада, се одлучиле да направат политички чекор за разрешување на обивнителот..
Предлогот за разрешување на Коцевски, утре ќе се најде пред пратениците..
Во предлогот напишан на девет страници, владата наведува дека обвинителот направил крупни професионални грешки и ја нарушил функционалноста на Јавното обвинителство.
„Преку неефикасно работење, јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски, лично придонесе за сериозно нарушување на меѓучовечките односи во Јавното обвинителство. Генерирајќи конфликти помеѓу самите обвинители на сите нивоа преку намерни пропусти во своето работење, ја направи целосно нефункционална институцијата, Јавно обвинителство“, пишува во предлогот кој утре ќе се најде пред пратениците.
Собранискиот спикер Гаши, денеска на брифинг со новинарите рече дека, нов државен обвинител ќе биде избран во законските рокови, без да прецизира точен датум кога пратениците ќе бираат наследник на Коцевски..
Собранието ќе има рок од шест месеци да избере нов државен јавен обвинител. Законот предвидува дека во случај на разрешување од функцијата, Советот на јавни обвинители е тој кој од редовите на јавните обвинители во Републичкото обвиителство избира вршител на должност кој раководи со институцијата, но не подолго од шест месеци.
Невладините кои ги следат состојбите во правосудството, постапката за разрешување велат е загрижувачка, бидејќи недоволно се објаснети причините за смена на државниот обвинител..
Коцевски беше избран за државен јавен обвинител од претходното парламентарно мнозинство, а уште тогаш ВМРО-ДПМНЕ како опозиција тврдеше дека изборот е скандал бидејќи се случил на помалку од три месеци од парламентарните избори..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
