Прогласена епидемија на морбили во Струга

Прогласена е епидемија на мали сипаници или морбили на подрачјето на општина Струга, информира денеска на прес-конфереција Јованка Сурлакова – Коровешовска епидемиолог во Центарот за јавно здравје – Охрид.
Во подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Струга до вчера биле регистрирани 24 заразени од морбили, а денеска немало нови случаи, но, како што истакна, Сурлакова – Коровешовска заради зголемениот број пријавени болни во периодот од 18 февруари до 25 март прогласена е епидемија.
– Прогласувањето на епидемијата е апел до родителите да ги вакцинираат своите деца според вакциналниот календар. Најдобра заштита од овие заразни заболувања е вакцинацијата, порача Сурлакова – Коровешовска.
Во случај на епидемија, додаде, се препорачува зголемена дезинфеција на здравствените установи, училиштата и градинките и проветрување на просториите, забранета посета на болните во болницата и лична заштита на здравствените работници.
Освен шестте дечиња до 12 месеци, кои не подлежат на вакцинација, според календарот за имунизација, останатите пациенти се вакцинирани со една или две дози на МРП вакцина.
– Најголем број од заразените се на возраст од 40 до 49 години, меѓу кои има и здравствени работници, што и се очекуваше. Нема деца од училиште и градинка. Сите пациенти се со лесна клиничка слика. Ниту еден не е хоспитализиран. Хоспитализирани беа само малите деца, изјави епидемиологот Сурлакова – Коровешовска.
Епидемиолозите очекуваат нови заболени во наредите 10 до 12 дена, период кој е потребен за инкубација на вирусот.
– На заболените им се прегледува вакциналниот статус, но и статусот на неговите контакти, кои доколку не се вакцинирани се вакцинираат и на тој начин се заштитуваат. Најважно е секој болен да биде изолиран и на тој начин спречуваме да не се шири заразата, посочи Сурлакова – Коровеповска.
Во општина Дебар, која е под Центарот за јавно здравје Охрид регистрирани се 18 заболени од морбили и доколку бројот се зголеми до петок ќе биде прогласена епидемија, а во Охрид има само три регистрирани случаи. Степенот на имунизација против морбили во овие општини е висок. Во Струга и Дебар е 95 проценти, а во Охрид 89 отсто.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
-

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид
