-->
-->
Продолжува топлотниот бран: Температурите ќе достигнат 40 степени
-->

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 40 степени Целзиусови.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Според прогнозата на УХМР, топлотниот бран ќе продолжи и во наредните денови, при што дневната температура на одделни места ќе надмине 40 степени. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
