Продолжува доуредувањето на кејот на реката Луда Мара во Кавадарци

Продолжува доуредувањето на кејот на реката Луда Мара во Кавадарци, а ќе се реконструира и таканаречениот мост кај „Слога“. Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов кој денеска беше на лоакцијата каде што се изведуваат градежните работи, рече дека ова е значајно за сите жители на општината, а особено за оние од урбаните заедници "Ќиро Крстев", „Браќа Џунови" и „Слога".
- Го оплеменуваме овој простор, ова претставува трета и завршна фаза од големиот проект од пред неколку години. Со посредство на претходната Влада, а преку Бирото за регионален развој и преку Вардарски плански регион, како и со средства од локалниот буџет, успеавме да обезбедивме петнаесет милиони денари за овој зафат. Со тендерската постапка, таа сума се намали на не повеќе од десет милиони денари, појасни градоначалникот.
Тој најави дека веќе се размислува во иднина да се уреди и кејот на реката до кавадаречкото село Ваташа.
- Се надевам дека со Агенцијата за патишта ќе се направи и нов мост на крајот од селото, на местото на стариот. Со тоа би се заокружиле над три километри пешачка и рекреативна патека во еден правец, а дупло повеќе во двете насоки, нагласи Панов.
Задоволство од доизградбата на кејот изразија и околните жители, бидејќи како што рекоа, се реализираат ветените проекти.
На прашањето дали се планира изградба на велосипедски патеки бидејќи се зголемува бројот на велосипедистите, градоначалникот ја спомена идејата за таква патека по течението на реката, до споменикот за 12 младинци во Ваташа. Тој се осврна и на неодамна отпочнатата патека за велосипедисти кон селото Глишиќ.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
