Привршуваат подготовките за изградба на обиколницата во Вевчани

Привршуваат последните подготовки за отпочнување градежни активности за изградба на обиколницата во Вевчани. Градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски информира дека е избран изведувачот и за околу две недели треба да почнат градежните работи.
Обиколницата, појасни тој, ќе се протега од влезот на населбата, од фабриката Вевчанка до Здравствениот дом, за што ќе бидат инвестирани 23 милиони денари преку Министертсвото за транспорт и врски.
- Обиколницата е желба на вевчанци подолго време. Ќе значи многу посебно во летниот период кога има многу гости во соседните населени места Октиси, Подгорци и Лабуништа, а се поврзани преку сегашниот пат и центарот на Вевчани е оптеретен, изјави Угриноски.
Овие населени места, додаде, ги користат и услугите на Здравствениот дом во Вевчани, а со изградбата на обиколницата освен растеретување на сообраќајот во центарот ќе се скрати патот за жителите на околните населени места.
- Покрај растеретување на сообраќајот во центарот на Вевчани обиколницата ќе овозможи скратување на возењето, а ќе се отворат и голем број парцели, градежни и за лесна индустрија што предвидува новиот Генерален урбанистички план, истакна Угриноски.
Вевчанскиот градоначалник информира дека наскоро треба да почне и изградба на нова улица во должина од 400 метри, која ќе поврзува земјоделско земјиште со населеното место.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
