Приведени двајца бегалци од затвор кои извршиле тешки кражби

Двајца бегалци од затворот во Струмица се вратени за доиздржување на казните.
Во првиот случај, на 28.10.2024 во 17.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Р.(27) од Струмица, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица. Д.Р. е осуден на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, а имал за доиздржување 5 месеци и 17 дена. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната, соопшти МВР.
Во вториот случај, истиот ден, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Е.Џ.(21) од село Лакавица, штипско, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица. Е.Џ. е осуден на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, а имал за доиздржување 10 месеци и 15 дена. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната, известуваат од министерството.
Ново на Сител
-

ДКСК со нов план против корупцијата и судирот на интереси
-

Безбедносна конференција во Скопје
-

Осомничените за проневери во ФФМ на распит во суд, обвинителството бара притвор
-

Анкета: Граѓаните оптимисти дека Македонија во следните пет години ќе влезе во Европска Унија
-

Германските туристи најбројни
-

ЛС-Штип со стипендии за младите спортски таленти
-

Преглед на вестите од светот
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
