Приведен Јане Ченто, еден од осомничените за 27 април

Изутрината околу 8:30 часот полицијата во Прилеп го привела Јане Ченто, еден од осомничените за настаните во Собранието на РМ на 27 април 2017 година, кој беше во куќен притвор во својот дом на улицата „Цане Коњарец“.
Според Коле Спиркоски, таткото на Јане Ченто, полицијата пристигнала изутрината, прво да провери дали неговиот син е дома, а потоа бил приведен со образложение дека на 30 март по 11 часот дента, при проверка, полицијата не го нашла дома.
- Изутрината во 8:30 часот полицијата пристигна на проверка во нашиот дом. Рекоа да проверат дали е тука мојот син, Јане Ченто. Проверија, Јане беше тука и ништо друго не рекоа. Дојдоа инспектори, а јас заминав на работа, тие останаа. Ми се јавија дека се дојдени да го земат и да го притворат повторно во Шутка. Наводно, не се придржувал на препораките од судот. Наводно, бил излезен на 30 март во периодот од 11:10 до 11:40 часот. Но ние имаме камери и на влезот од домот и тврдам дека мојот син не излегол од дома. Тоа можат да го проверат со снимките и треба да го докажат тоа што го тврдат, вели Спиркоски.
Јане Ченто беше во домашен притвор околу еден месец и половина по притворот поминат во затворот „Шутка“.
Од МВР, неофицијално велат дека за се е надлежен Кривичниот суд од Скопје.
Ново на Сител
-

ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ со низа настани го одбележува Светскиот ден на сепсата
-

Нафтата и природниот гас повторно со повисоки цени, Брент веќе е над 107 долари за барел
-

Организаторите на УС опен ја казнија Сабаленка со 7.500 долари
-

4/4 за Рома и нова победа за Комо
-

Европските пратеници денеска ќе расправаат за погребот на Ратко Младиќ во Србија
-

Американски судија ги блокираше ограничувањата на Трамп за времетраењето на визите за странски студенти и новинари
-

Мицкоски со владина делегација во САД: Планирани средби на високо ниво, со државници и финансиски институции
-

Генерал Лафчиски на 29. Конференција на началниците на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба
