Притвор за три лица за осомничени за трговија со дрога

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – единица за недозволена трговија при МВР, донело наредба за спроведување на истражна постапка против Ф.И. (50) , С.Ф. (50) и М.А. (47), поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Од ЈОРМ соопштија дека вчера до судија на претходна постапка е поднесен и предлог за определување мерка притвор против трите лица.
- Во периодот од 20 до 23-ти овој месец С.Ф. од непознато лице купил наркотична дрога – марихуана, по што со Ф.И. се договорил тој да посредува на продажбата на дрогата. Ф.И. се договорил М.А. да ја купи наркотичната дрога и да ја размени за патничко моторно возило марка БМВ. На 22 март околу 19 часот Ф.И. во с. Одри од С.Ф. ја презел наркотичната дрога марихуана за да ја однесе на купувачот М.А., но околу 20 часот од страна на полициски службеници на МВР на РМ на локалниот пат од правец на с.Одри спрема с.Џепчиште е запрено патничко моторно возило марка Пежо 206 управувано од Ф.И. и по извршен преглед во возилото во делот кај патосницата од совозачкото седиште пронајдено е едно поголемо правоаголно пакување со проѕирна фолија во кое имало наркотична дрога марихуана со вкупна нето тежина од еден килограм, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Постапувајќи по предогот за определување притвор од судија на претходна постапка при Основен суд Скопје 1 Скопје е донесено решение за определување мерка притвор против тројцата обвинети, се додава во денешното соопштение од ЈОРМ.
Ново на Сител
-

Најстудено утрово во Прилеп, Крива Паланка, Берово, Битола, дневната температура денеска од 10 до 15 степени
-

Ирански функционер: Иран се подготвува за одмазда, одговорот ќе биде катастрофален
-

Израел започна превентивен напад врз Иран, прогласи вонредна состојба
-

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран, цел е иранскиот претседателски комплекс
-

Трамп „не е задоволен“ од преговорите за нуклеарната програма на Иран
-

Ф1: Кадилак го именува својот болид по легендата Марио Андрети
-

Македонските кошаркари го совладаа Луксембург за трета победа во европските претквалификации
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
