-->
-->
Притвор за двајца скопски дилери
-->
Основното јавно обвинителство Скопје ќе спроведе истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. на двете лица им е одредена мерка притвор.
-Лицата, по претходен договор, во станот во кој престојувале, неовластено заради продажба држеле наркотична дрога и психотропни супстанции. При претрес на домот, на 18 февруари 2019 година, од страна на овластени службени лица биле пронајдени: 883,76 грама марихуана, хашиш масло во шприц со волумен од 2 мл, амфетамин со вкупна нето маса од 28,47 грама, осум таблети метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), како и повеќе други предмети со остатоци од наркотични дроги, се вели во соопштението од Јавното обвинителство на РМ.
При претресот, на местото на настанот било затекнато уште едно лице, кај кого биле пронајдени 0,37 грама амфетамин кои што му ги продал еден од осомничените.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кај 68 годишник од Струмица пронајдени 50 грама кокаин
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка во планинско трчање „Водно-Матка Треилс 2026“
-

Најмногу дожд во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-

Мицкоски на увид во изградба на новата училишна зграда со поврзување на постоечкото ООУ „Гоце Делчев“ во Илинден
-

Лазарева поворка и каланди во центарот на Скопје по повод Лазарева сабота
-

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден
-

Облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени
-

Астронаутите на мисијата на Месечината испратија фотографии од Земјата

