Координативен состанок во Гевгелија за состојбата со мигрантите

Со поддршка од Владата на РМ и надлежните државни органи, дел од барањата на општина Гевгелија во врска со проблемите предизвикани од бегалската криза веќе се ефектуираат.
Ова, како што информираат од Општина Гевгелија, го истакнал градоначалникот Иван Франгов на синоќешниот координативен состанок со претставниците на УНХЦР, Меѓународниот црвен крст и повеќе невладини организации и здруженија кои се вклучени во активностите за справување со бегалската криза на јужната граница.
- Бројот на превозните средства за транспорт на бегалците кон северната граница е зголемен. Процесот за регистрација на бегалците се забрзува, а со зголемениот надзор над границата и контролираното пропуштање на бегалците во земјата целиот простор на железничката и автобуката станица повторно е функционален, нагласи Франгов.
Што се однесува до барањето на општина Гевгелија за уредување нов прифатен пункт во близина на поранешните објекти на ,,Винојуг“ Франгов информирал дека се почнати активности за расчистување на локацијата и за инсталирање водоснабдителен систем и дека со спонзорство од ЕВН ќе се обезбеди електричен приклучок.
Општината е подготвена да постави и платформа крај железничката пруга за полесно влегување на мигрантите во возовите.
Од претставниците на УНХЦР беше најавено дека по инфраструктурното уредување на просторот веднаш ќе се направи план на активности за негово опремување.
Здружениоето на граѓани „Млади правници“ вети помош од 15 свои членови кои ќе се вклучат во процесот на регистрација на мигрантите.
Црвениот крст информира дека магацинот континуирано се снабдува со донации од храна и вода и дека дневно се дитрибуираат од 1.000 до 1.500 пакети со храна и вода.
Ново на Сител
-

Уапсени три лица кои вчера на гробиштата во Бутел нападнале двајца вработени во АД „Бутел“ со боксирачи и ножеви
-

Како Пакистан помогна во обезбедувањето прекин на огнот меѓу САД и Иран
-

Пред пратениците предлогот за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

Трамп: Одличен ден за светскиот мир, ова може да биде „златна ера на Блискиот Исток“
-

Денеска е Велика среда
-

Пад на цените на нафтата по објавата на Трамп за примирје со Иран
-

Иран: Разговорите со САД ќе започнат во петок, во Исламабад
-

Без струја одредени делови од Скопје
