-->
-->
Прилеп почнува стратегија за климатските промени
-->

Во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп денеска беше одржан првиот работен состанок на четирите работни групи: инфраструктура и јавни објекти, водни ресурски, прилепско поле и за шуми и шумски појаси за изработка на Стратегија за заштита од климатски промени на општина Прилеп.
Работните состаноци се во организација на УНДП со сите заинтересирани во општината Прилеп.
Според Столе Георгиев од „Милеу-контакт“ целта е да се презентира методологијата на „Зелената агенда“ за креирање на локални стратегии за климатски промени.
- Ова е прв состанок со работните групи за подготовка на стратегијата на Прилеп за справување со климатските промени. Опфатени се областите: заштита на земјоделските површини, на водните ресурси, јавните институции и инфраструктурата. Намерата е да се дејствува во две насоки: заштита од емисијата на стакленичките честички и намалување од употребата на енергенсите. Сето тоа е со цел справување со поплави, пожари, како и заштита од болести и справување со топлотни бранови, вели Георгиев.
Тој нагласи дека Прилеп е 10-та општина во Македонија каде се спроведува процесот.
Како што објаснува Винета Иваноска од одделот за локален економски развој, активностите продолжуваат по претходно спроведена анкета со граѓаните.
- Граѓаните детерминираа четири области : инфраструктурата, наводнувањето, шумите и јавните установи. Сега ќе се работи на подготовка на проекти до крајот на декември, а во јануари тоа треба да помине на советот на општина Прилеп, изјави Иваноска.
Иваноска прецизира дека во подготовката на стратегијата на Прилеп за заштита од климатските промени со средства учествува локалниот буџет, а половината од финансиските средства се од фондовите на УНДП.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со романскиот претседател Дан: Добрите политички односи да бидат проследени со поширока економска соработка
-

Бујар Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран, Охридскиот договор се урива
-

АХВ од Тетово почнува со работилници за управување со популацијата на кучиња
-

Во април расчистени 2.750 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје
-

Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-

Денес сончево и топло време
-

Собраниската Комисија за култура и туризам ќе одбележи 80 години од објавувањето на првата граматика на македонски јазик од Круме Кепески
-

Најмалку 21 загинат по експлозија во фабрика за огномет во Кина
