Пријавени првите десет лица кои ќе скокаат по крстот за Водици во Вардар во Велес

Епархијата Повардарска со седиште во Велес, денеска ги отвори вратите за пријавување на заинтересираните православни христијани кои во сабота на празникот Богојавление – Водици ќе влезат во водите на реката Вардар да го фатат чесниот и животворен крст. Празнувањето е во сабота, а крстот од „Мало мовче“ ќе го фрли Владиката Повардарски Агатангел.
Никола Цилаков од Епархијата Повардарска, за МИА информира дека пријавувањето на сите заинтересирани ќе трае до сабота претпладне, каде како и секоја година лекарска екипа ќе ја проверува здравствената состојба на кандидатите кои сакаат да влезат во ладните води на Вардар.
Имено, традицијата за Богојавление – Водици во Велес е една од најстарите во земјава. Освен од „Мало мовче“ претходно крстот се фрлаше и од мостот „Гемиџии“ и од балконот на Епархијата Повардарска, а пред триесетина години традицијата се изведувала во дворот на црквата „Свети Пантелејмон“ во Велес.
Од Епархијата Повардарска информираат дека во просек, последниве години, по крстот во водите на Вардар влегувале околу 100 лица. Лани по крстот се фрлиле 76 лица, меѓу кои за првпат била и една девојка. Имало случаи по крстот во водите на Вардар во Велес да запливаат и над стотина заинтересирани православни христијани од градот.
Велешани, по традиција, масовно присуствуваа на осветување на водите на реката Вардар и фрлање на чесниот и животворен крст. Прославата ќе започне во 8 часот во црквата „Св. Спас“ со света Божествена литургија, а потоа ќе продолжи со Литија од црквата до „Мало мовче“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
-

Неопходно е посебно тело да управува со езерото
