Презентација на двете потпрограми на „Креативна Европа“, „Култура“ и „МЕДИА“

Презентација на двете потпрограми на „Креативна Европа“, „Култура“ и „МЕДИА“ организираат денеска Министерството за култура и Агенцијата за филм, во Центарот за дизајн и иновации Јавна соба - Скопје.
Гости на настанот, соопшти Министерството за култура, ќе бидат претставниците на Канцеларијата на Креативна Европа – Култура од Кралството Холандија, Клартје Булт и Максим Зеф, д-р Елица Стоилова од Пловдивскиот Универзитет и Камен Балкански од Канцеларијата на Креативна Европа – МЕДИА од Бугарија.
Во рамки на работната сесија посветена на потпрограмата „Култура“ ќе бидат претставени: холандското искуство со потпрограмата „Култура“, категоријата „Платформи“ и успешни проекти (категории: „Платформи“ и „Проекти за соработка“).
Канцеларијата за Креативна Европа – потпрограма МЕДИА на Република Македонија во соработка со Канцеларијата на Креативна Европа – МЕДИА од Бугарија ќе одржи дебата на тема „Креативна Европа МЕДИА – Можности и предизвици“.
Ново на Сител
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Се поставуваат камери од „Безбеден град“ во Охрид и Струга
-

Маржите за ѓубривата замрзнати, цените растат
-

Земјоделците ја поздравуваат мерката за поевтини ѓубрива, но бараат и засилен надзор од инспекциските служби
-

Преглед на вестите од светот
-

Се укинува Пржинската влада
-

Претседателот Пармелан на средба со премиерот и стопанствениците
-

Се укинува Пржинската Влада
