Претставен новиот „Адидас“ дрес на македонската фудбалска репрезентација

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска официјално го претстави новиот дрес на македонската репрезентација со логото на германскиот производител на спортска опрема „Адидас“.
Новиот дизајн, како што е соопштено, е специјално персонализиран за македонскиот национален тим, во тесна соработка помеѓу ФФМ и Адидас, а во рамки на програмата на УЕФА за помош на националните асоцијации во спортска опрема (UEFA Kit Assistance Scheme).
„Дресовите на македонската репрезентација комбинираат современ изглед и врвни материјали, обезбедувајќи максимална удобност и функционалност на теренот. Со новиот изглед, нашите национални тимови ќе настапуваат на следните натпревари, носејќи симболика што ја претставува гордоста и единството на нашата земја“, соопшти ФФМ.
ФФМ заедно со други девет европски национални асоцијации е дел од програмата на УЕФА, која од основањето во 2007 годинао безбедува натпреварувачка и тренинг-опрема за националните асоцијации, овозможувајќи им на репрезентациите да настапуваат во висококвалитетни, уникатни дресови што ја одразуваат нивната фудбалска култура и историја.
Десетте селектирани национални селекции, вклучувајќи ја и македонската, во следните две сезони ќе носат уникатни дизајни на Адидас, дизајнирани во тесна соработка со соодветните асоцијации.
МИА
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
