Претседателските избори во Молдавија највројатно ќе имаат и втор круг

Претседателските избори во Молдавија, чиј прв круг се одржа вчера, по се изгледа ќе имаат втор круг, откако се намали првичната предност на прорускиот кандидат.
По пребројувањето на 90 отсто од гласовите, според Централната изборна комисија, лидерот на социјалистите Игор Додон освоил 49,91 отсто, а проевропскиот кандидат Маја Санду, поранешен економист во Светска банка, е втора со 36,7 отсто.
Доколку никој од кандидатите не обезбеди повеќе од 50 отсто гласови, ќе има втор круг на 13 ноември.
Како што јави ТАСС, лидерот на Партијата на социјалистите Игор Додон е уверен во својата победа.
- Независно од тоа како ќе се развива ситуацијата, ние сме уверени во победата. Гласањето јасно покажа дека лидерот на опозицијата во лицето на Партијата на социјалистите има најголема доверба меѓу граѓаните на Молдавија, добивајќи подршка од половина од гласачите, рече Додон.
- Ја сметам нашата победа за неизбежна и сите треба да го знаат тоа, вклучувајќи ги и нашите политички противници, рече тој во штабот на социјалистите во Кишињев, неколку часа по затворањето на избирачките места.
- Засега ова се првични резултати. Не можам да говорам за конечните резултати, но очигледно е дека ниту еден од кандидатите нема да собере повеќе од 50 отсто од гласовите, рече членот на Централната изборна комисија, Јуриј Чекан.
Во вториот круг ќе се појавата Додон, кој се залага за обновување на сратешкото партнерство со Русија и Санду, кој ја поддржува интеграцијата со ЕУ. На вториот круг нема минимален праг за учество на избирачите.
На овие први директни претседателски избори во Молдавија во изминатите 20 години учествуваа девет кандидати.
Ново на Сител
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
