Претседателот Пендаровски попладнево ќе прогласи вонредна состојба

Претседателот на државата, Стево Пендаровски реши да прогласи вонредна состојба, дознава „А1он“. Според информациите денеска во два часот попладне, преку обраќање на МРТВ кое веќе е закажано и за кое на МТВ веќе оди најавен телоп Пендаровски за воредната состојба јавно ќе соопшти со цел информирање на сите граѓани на нашата држава.
Вонредната состојба е последица на состојбата со коронавирусот, како и зголемувањето на бројот на заболени. Според Уставот, оваа состојба може да трае најмногу 30 дена.
Ова е единствен начин кој го нуди Уставот за ефикасно справување со коронавирусот, при што, заради општо добро, Уставот дал можност да се ограничат слободите и правата на граѓанинот, односно да можат ефикасно да се спроведат мерките на Владата кои ќе бидат задолжителни за сите, без право на отстапки и ќе важат на територијата на целата држава.
„Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот. Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба според одредбите на Уставот“, се вели во Уставот.
Според највисокиот правен акт во нашата држава, во членот 125 пишува дека вонредната состојба може да се прогласи во случај на епидемии и непогоди.
Ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување, штом тоа ќе е во можност да се состане.
Според толкувањето на правниците, оваа одлука станува на сила веднаш.
За прогласување на воредна состојба беше дискутирано и на вчерашната лидерска среба меѓу сите лидери на политички партии.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по вчерашната лидерска средба рече дека ја наметнал потребата да се прогласи вонредна состојба, а пак, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека треба да се прогласи вонредна состојба, но да се раководи според законот за кризни состојби.
Ново на Сител
-

Шест лица приведени во врска со пукањето на семејна веселба во гостиварско
-

Сервисираниот „ер трактор“ повторно ставен во функција
-

Руските сили извршија напади врз украинските пристаништа во Одеса и Николаев
-

Зголемена фреквенција на граничните премини, на некои се чека и повеќе од еден час
-

Родилка остана во инвалидска количка по направен царски рез
-

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата
-

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, приведен 39 годишен скопјанец | ФОТО
-

Кривична против струмичанец поради обид за убиство на поранешната сопруга
