Премиерот Груевски во посета на Љубош, Батинци и Цветово

Премиерот Никола Груевски денеска заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директори на повеќе јавни градски претпријатија ги посети населените места Љубош, Батници и Цветово во општина Студеничани каде имаше средби со жителите.
Граѓаните изразија благодарност за ангажманот на институциите при неодамнешната изградба на патот Скопје - Козјак и за патот до Маркова Река што го реализира Агенцијата за државни патишта. Се заблагодарија и за инвестицијата на Град Скопје во вредност од 17 милиони денари за изградба на тротоари и улична мрежа во овие населени места, како и за изградбтаа на водовод во должина од 1,2 километри.
Жителите истакнаа дека би било добро да се изнајде решение и да се отвори подрачна единица, односно паралелки на училиштето во Љубош, а заменик министерот за образование Ристовски покани претставници од населеното место да дојдат во Министерството за образование и наука во вторник за да се скенира состојбата и да се изнајде решение.
На барање на граѓаните градоначалникот Коце Трајановски вети дека до 11 окотомври ќе биде асфалтиран локалниот пат во должина од 200 метри.
Граѓаните на Цветово, пак, побараа да се санира патот до селото, на што премиерот Груевски рече дека очекува овие проблеми да бидат надминати.
Нагласи дека од Владината програма за рурален развој ќе се инвестира, а општина Студеничани, користејќи ги овие средства треба до ноември гдинава или ако не дозволат временските прилики од напролет идната година да почне со санацијата на патот и на мостот.
Откао ќе заврши санацијата, додаде, Градот Скопје ќе организира јавен превоз до Цветово со поголеми возила и автобуси.
Ново на Сител
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
-

Синер без загубен сет го совлада Ѓоковиќ за финале на Вимблдон
-

Трамп: Иран бара продолжување на преговорите, ние се согласивме, но предупредуваме дека прекинот на огнот е завршен
-

СП 2026: Една жртва во прославата по пласманот на Франција во полуфиналето
-

Проширена истрагата за ботоксите, осомничени уште четири лица
-

Мицкоски: Владата подготвува мерки за поддршка на млекопроизводителите, ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав
-

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“
-

Авион на „Рајанер“ принудно се врати во Солун поради дефект на моторот додека летал над Македонија
