Предвремени парламентарни избори во Бугарија
Во Бугарија денеска се одржуваат 12-ти парламентарни избори по соборувањето на комунистичкиот диктатор Тодор Живков есента 1989 година. Ова се трети предвремени парламентарни избори од 2013 година.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, денешните избори ќе бидат први во поновата политичка историја на Бугарија, на кои ќе се гласа преку машини – според измените во Изборниот законик. Во Бугарија, машинското гласање ќе се одржи во 9.401 секција, а во странство – во 273 избирачки места.
На изборите учествуваат 17 партии и шест коалиции, а право на глас во Бугарија имаат 6.711.048 луѓе.
Доколку се задржи вообичаената изборна активност, се очекува околу три милиони луѓе да го искористат своето право на глас преку електронските уреди. Ова е скоро четири пати повеќе отколку на претходните парламентарни избори на 4 април, кога машинското гласање беше опционално во сите избирачки места со повеќе од 300 гласачи (вкупно 9.398 места), а го искористија 789.957 лица.
Граѓаните на Бугарија во земјата и странство денеска ќе гласаат на 11.200 избирачки машини, со просечно време на гласање од 30 секунди до 4 минути. Гласањето во Бугарија за првпат ќе се одржи надвор од темните простории, каде што традиционално се гласаше со хартиени гласачки ливчиња.
Се очекува во 46-то Народно собрание на Бугарија да влезат шест до седум партии, со оглед на тоа што три партии и една коалиција се близу до прагот од четири проценти кој е потребен за влез во парламентот.
Ново на Сител
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
-

Мисајловски: Нема да испраќаме македонски војници во Украина
-

Опозицијата реагира дека предлог-казните за злоупотреба на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ биле ниски
-

Ахмети: Без извршен Бадентер, нема коалиција со идна Влада
-

СДСМ: Изолација од ЕУ, суспендирани исплатите од ИПАРД 3 поради корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Каде завршиле испраните 2 милиони евра од ЕСМ, во Мала Речица или Бихачка?

