Предвремени избори и конгрес на дневен ред за Сириза

Политичкиот секретаријат на грчката владејачка партија Сириза синоќа одржа состанок со што ги почна подготовките за итниот партиски конгрес што треба да се одржи следниот месец, на кој треба да бидат решени разликите во рамките на партијата околу третата финансиска помош за земјата.
Членовите на партиското тело одлучија оваа недела да почнат со именување на членовите на двете комисии кои ќе го изготват дневниот ред на конгресот во септември. Состанокот се одржа откако поранешниот министер за енергетика Панајотис Лафазанис, кој ја предводи радикалната Лева платформа на Сириза, повторно го нападна новиот договор меѓу Владата и нејзините доверители.
- Знам дека ќе продолжи да ја уништува нашата земја и да го повредува нашиот народ, рече тој во врска со помошта и нагласи дека неговото крило нема да гласа „нов меморандум“.
- Сите пратеници во нашата парламентарна група ќе мора да го преразгледат нивниот став, и да ја измерат тежината на нивните одговорности и ветувањата што ги дале на грчкиот народ, рече Лафазанис.
Во меѓувреме, владини претставници се почесто зборуваат за можноста за предвремени избори на есен. Портпаролот на Владата, Олга Геровасили изјави дека гласањето можеби не е далеку.
- Изборите се можност, но тоа не значи дека токму сега треба се фокусираме на тоа кога би можеле да се одржат, изјави таа за телевизијата „Скај“.
Ново на Сител
-

Зеленски: Се надевам дека разговорите ќе донесат мир што е можно побрзо
-

Путин и Трамп не ја поддржуваат европско-украинската идеја за привремено примирје, соопшти претставник на Кремљ
-

Вардар предложи јужната трибина да го добие името Васил Рингов
-

Реакција на ЗНАМ
-

Трамп изјави дека имал „многу продуктивен“ телефонски разговор со Путин пред средбата со Зеленски
-

Граничниот премин Евзони од пладне затворен за сообраќај
-

Трамп и Зеленски по средбата ќе имаат телефонски разговор со европските лидери, соопшти портпаролот на украинскиот претседател
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
