Пожар на сандаци со пчели во кривопаланечко

Околу четириесет сандаци со пчели биле зафатени во пожарот кој денеска избувна во село Длабочица во Крива Паланка.
Според информациите од Територијална противпожарна единица (ТППЕ) Крива Паланка, дојавата е примена околу четиринаесет часот, а интервенирале со две возила и тројца пожарникари.
- Гореа сандаци со пчели во кои имало пчелни семејства, но за среќа сите сандаци се заштитени. Сепак има многу угинати пчели кои излетале или биле околу кошниците, бидејќи пламенот од високата трева која гореше ги зафатил.Теренот беше непристапен, па мораше да се вклучи и теренско возило кое ги транспортираше пожарникарите. Пожарот е ликвидиран целосно околу 15 часот и 40 минути, изјави командирот на ТППЕ Иле Коцевски.
Во пожарот е зафатена површина од околу два декара, а увид извршила и екипа од Полициска станица од ОН Крива Паланка, која дополнително ќе ги утврдува причините за настанување на пожарот.
Ова е втор пожар изминатото деноноќие во кривопаланечко. Во претходниот, кој се случил по полноќ, изгоре декар борова шума.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
