Повторно снег во Македонија - еве каде вее во моментов

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на планинскиот превој Буково. Намалена видливост поради појава на магла од 40 до 50 метри има на патните правци село Лисец – Попова Шапка и Бунец – Маврови Анови, информира Автомото сојузот на Македонија во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.
Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Премините Меџитлија (Битола) и Дојран се отворени за сообраќај.
АМСМ предупредува дека во клисурите и усеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Се апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Ново на Сител
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги
-

„Онкологија“: Вештакот од Србија укажува на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите
-

Случај „Ивана и Катја“: Стојанче барал 30.000 евра за да се повлече од станот, сведочеше братот на Ивана
-

Иран погуби младо момче кое учествувало во антивладините протести
-

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
