Повеќенаменски игралишта во Ѓорче Петров

Во Општина Ѓорче Петров во населбата Дексион денеска беше ставен камен темелник на повеќенаменско игралиште, додека во населбата Даме Груев беше пуштено во употреба исто вакво игралиште.
Повеќенаменското игралиште во населбата Дексион ќе чини околу девет милиони денари и ќе биде завршено за неколку месеци.
Игралиштето во Даме Груев, кое исто така е повеќенаменско, чини над 8,5 милиони денари и е дел од проектот на Владата за изградба на 100 повеќенаменски игралишта.
На ставањето на камен темелникот на новото игралиште во Дексион и на пуштањето во употреба на новото игралиште во Даме Груев присуствуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој овие посети ги искористи за средби со граѓани.
Во Дексион граѓаните се интересираа за ДУП во местото викано Јурија, односно за легализација на некои објекти во овој дел на Ѓорче Петров. Овие граѓани во понеделник треба да одат на средба со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски која беше договорена денеска. Мисајловски денеска исто така го придружува Груевски на овие средби со граѓаните, како и градоначалниците на Град Скопје и на Општината Ѓорче Петров.
Граѓаните на средбите се интересираа и за проширувањето на булеварот „Партизански одредби“ што практично значи поврзување на општината Ѓорче Петров со останатиот дел од градот.
Градоначалникот на Скопје Трајановски информираше дека се очекува тоа проширување да заврши некаде до почетокот на јули оваа година. Исто така, граѓаните бараа што поскоро асфалтирање на некои од улиците во оваа општина. Притоа градоначалникот на Ѓорче Петров Сокол Митровски информираше дека во тек е асфалтирање на 15 улици и дека се работи исто така на тампонирање и доуредување на одредени улици и краци на улици во оваа општина.
Во населбата Даме Груев каде што беше пуштено во употреба 56. повеќенаменско игралиште од проектот на Владата имаше голем интерес од страна на граѓаните во врска со прашања од локален карактер, но и прашања во врска со легализација на нивните домови.
Граѓаните упатија прашања во врска со обновувањето на детските игралишта во оваа населба и побараа да се ангажира компанија која што постојано би ги одржувала. Градоначалникот Митровски одговори дека во блиска иднина сите игралишта во општината ќе бидат обновени.
Груевски заедно со министерот Мисајловски и градоначалниците Трајановски и Митровски се на средби со граѓаните од Волково, а потоа ќе одат и во населеното место Орман.
Ново на Сител
-

Фејсбук недостапен за илјадници корисници ширум светот
-

Меси: Што и да се случи во финалето, Аргентина веќе напиша историја
-

ИЈЗ: Водата во Гостивар не треба да се користи за пиење ниту по превривање - миење заби, раце и храна со флаширана
-

Приведени тројца по претреси во скопскиот регион, пронајдени дрога, пиштол и куршуми
-

Обвинителство: Утре се очекуваат резултатите од испитувањата на водата од гостиварскиот водовод
-

Трамп: Загинувањето на американските војници е трагедија, новите напади врз Иран се казна за Револуционерната гарда
-

Киев повторно под жесток удар на руски балистички ракети, има загинати и повредени
-

Макрон му се заблагодари на Дешан за неговата работа со француската репрезентација
