Повеќе од 24 часа трае потрагата по Вања

Продолжува потрагата по 14 годишната Вања на која и се губи трагот од вчера наутро кога тргнала на училиште. Нејзината мајка на социјалните мрежи побара помош од граѓаните а случајот го пријавила и во полиција од каде велат дека по малолетничката интензивно се трагало и во текот на ноќта.
Се вршеле разговори со лица блиски на семејството и на девојчето а се проверуваат и снимките од сите расположливо камери на потегот од нејзиниот дом до училиштето како и просториите во околината.
Според информациите кои мајката утрово ги сподели со медиумите, Вања ја нема на ниту една од снимките кои полицијата ги собрала. Таа вели дека цела ноќ ја поминала во полиција и дека добива многу помош од другарите на нејзината ќерка.
Мајката вели дека утрото пред да излезе од дома, Вања била добро расположена и не се сомнева дека девојчето самоволно заминало некаде затоа што како што вели станува збор за мирно и повлечено дете во кое има целосна доверба.
Полицијата продолжува со потрагата, а по детето трагаат и блиски на неговото семејство.
Ново на Сител
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
