Потребно е постапување во однос на нападот врз Бојан Јовановски во Идризово, смета Тупанчевски
– Министерот за правда Никола Тупанчевски рече дека треба да се постапи во однос на настаните што се случија во затворот „Идризово“ кога физички бил нападнале Бојан Јовановски – Боки 13 во кругот на затворот, каде тој ја издржува затворската казна.
–Значи апсолутно треба да се постапи во однос на настаните што пред некој ден што се случија во „Идризово“. Верувам дека ќе имаме завршница и доколку има елементи за кривично дело ќе постапи Јавното обвинителство, одговори Тупанчески на новинарско прашање денеска на маргините на конференцијата по повод Европскиот ден на правдата и одбележување на две години од кампањата за подигање на свеста за бесплатна правна помош.
Во однос на затворската управа, како што рече, ќе биде постапено доколку се утврди каква било одговорност.
-Кога велам Обвинителството и полицијата односно надлежните органи до колку се утврди каква било одговорност зборувам и за припадниците на КПД Идризово, и во однос на другите сите субјекти коишто се инволвирани би требало да има одговорност. Дали ќе биде дисциплинска, кривична, да го оставиме тоа на органите коишто се надлежни и за постапување, истакна министерот.
Три лица на 20 октомври физички го нападнале Бојан Јовановски – Боки 13 во кругот на затворот „Идризово“, каде тој ја издржува затворската казна.
Од МВР информираа дека на 20 октомври во 20 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.Ј. (36) од Скопје.
Според пријавеното, околу 15:40 часот во кругот на Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“, каде издржувал затворска казна, Јовановски бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат
-

Пад на цените на нафтата
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
