Поскапува бензинот БС-95
– Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за два денари по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,45 отсто.
Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 90 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе се продава за 90,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 100,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 97 денари за литар. Иста останува и цената на Мазут М-1 НС кој и понатаму ќе чини 49,483 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,207 отсто, кај дизелот има намалување за 1,78, кај екстра лесното масло намалување за 0,901, а кај мазутот зголемување за 1,027 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,008 отсто.
Ново на Сител
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре
-

Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема од Америка
-

Средба Мицкоски - Ердоган: Владата останува посветена на создавање поволна деловна клима за нови турски инвестиции и работни места
-

Дејвис куп: Македонските тенисери се вратија во Втората светска група, совладана Црна Гора
-

На југот на Холандија 200.000 жители предупредени да ја зовриваат водата поради ешерихија коли
