Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 30.09.2023 година (сабота) со почеток од 15.00 часот, поради одржување на велосипедска трка „Куп на град Скопје 2023“ ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.
Трасата на движење ќе започне на ул.„Димитрије Чуповски“ кај „Порта Македонија“, право по ул.„11 Октомври“ кон зградата на Собрание на Република Северна Македонија до крстосницата со ул.„Филип Втори Македонски“, па лево по ул.„Филип Втори Македонски“ до влезот на Градскиот трговски центар, потоа се поминува под Градскиот трговски центар и се доаѓа до „Порта Македонија“, каде се продолжува право по ул.„Димитрие Чуповски“ сѐ до крстосницата со ул.„Даме Груев“ кај ТЦ„Палома Бјанка“ и назад по ул.„Димитрие Чуповски“ сѐ до стартно/целната позиција.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува кон околните сообраќајници. MВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.
Ново на Сител
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
-

Тема на денот со Маринела Величкова, дописник од Скопје за БТА
-

Скопје на патот до престолнина на културата
-

Постхумно одликуван д-р Анастас Коцарев со одренот “Илинден 1903”
-

Преглед на вестите од светот
-

Трговците сами си ја намалиле заработката за да нема нагло поскапување на производите
