-->
-->
Поради технички зафати без струја неколку улици во Бутел, Центар и Аеродром
-->

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат корисниците на неколку улици во Бутел, Центар и Аеродром.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД од 07:00 до 14:00 часот без стр8ија ќе бидат корисниците од дел од ул.Боца Иванова во близина на Јафа во општина Бутел.
Од 08:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул.Васил Стефановски во општина Центар, од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. 9-ти Мај исто така во општина Центар, а од 08:00 до 15:00 часот корисниците од ул.Тодор Чангов во општина Аеродром.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Русија тврди дека Украина одбила прекин на огнот во Костјантинивка
-

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица
-

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза
-

Поради активност на вулканот Етна суспендиран авионскиот сообраќај на Сицилија
-

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
