-->
-->
Полската владејачка партија бара пребројување на гласовите
-->

Полската владејчка партија Право и правда побара повторно броење на гласовите во шест окрузи за кандидатите за Сенат, откако го изгуби мнозинството во тоа тело на неодамнешните избори.
Портпаролот на партијата, Радослав Фогиел соопшти дека партијата го користи своето право на пребројување на гласовите во окрузите каде гласањето било тесно и каде имало многу неважечки ливчиња. Тој ги негираше тврдењата на опозицијата дека Право и правда сака да ги сврти резултатите од изборите одржани на 13 октомври.
Гжегож Шетина, лидер на опозициската Граѓанска платформа, барањето го оквалификува како „голем скандал“ и рече дека не може да биде уверен дека пребројувањето ќе се изведе на транспарентен начин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
